Работилница за прибирање на идејни решенија за уредување на паркот во Кампус 2

Невладиното здружение Фондација за развој на локалната заедница Штип во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во текот на декември ќе уредат дел од парковата површина на Кампус 2. Идејата е да се направи едно урбано катче за студентите. За реализација на овој проект е потребно идејно решение под мотото „од студентите за студентите“.

По тој повод, на 24.11.2016 год. (четврток) во 17 часот ќе се одржи Работилница за идејно решение за урбано уредување на паркот кај Кампус 2. Работилницата ќе се одржи во канцеларијата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (ул. „Сремски фронт“ бб, Детска градинка „Сончогледи“, населба Сењак).

Поканети се студентите и професорите да ги споделат своите идеи за реализација на овој проект.

Последен пат изменето на Среда, 23 Ноември 2016 15:39
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…