„Со мобилните во рака станувате многу помоќни новинари“, вели Васиќ.
Техничкиот аспект на мобилното новинарство на студентите им го предаваше Борче Крстески, техничар во телевизија Телма. Тој им овозможи на студентите да се стекнат и со практично искуство од областа на монтирањето со обработување на видеоматеријали кои студентите ги снимаа со своите мобилни телефони.
На вчерашниот дел од обуката предавачи беа Миомир Серафиновиќ и Сашо Доковски. Серафиновиќ за студентите направи краток осврт на револуцијата на истражувачкото новинарство, а посебно внимание посвети на техниките за известување со мобилни телефони. Доковски во обуката го преточи своето долгогодишно искуство и студентите ги воведе во областа на професионалното снимање во мобилното новинарство.
Дел од оваа обука беа студентите на Катедрата за новинарство и односи со јавноста, како и студентите од другите факултети заинтересирани за овој вид на новинарство. Сите заинтересирани студенти наскоро ќе имаат можност да работат на истражувачки приказни за кои целосна поддршка ќе имаат од тимот предавачи кои ја остварија оваа обука. Истражувачките приказни кои ќе бидат изработени од студенти и ќе бидат поставени и на веб-страницата на УГД.