(Видео) Студентите на Филмската академија со награда на ФИОФА

Студентите на Филмската академија при УГД и оваа година се вратија со награда од Филмскиот фестивал ФИОФА во Охрид. Овој фестивал се случува втора година по ред и студентите од УГД се претставија со повеќе филмови и свои дела, а освоија и награда. Наградениот филм е „Уште една чаша кафе“ на студентот Ѓорѓи Лазов.

  • Филмот е кратка приказна за двајца љубовници кои се сретнуваат доцна, во погрешно време, на погрешно место. Поентата на филмот можеби би била дека никогаш не е доцна за љубов - изјави студентот Ѓорѓи Лазов.

Во продукцијата на филмот учествуваа речиси сите студенти на Филмската академија во Штип, како и во сите останати филмови кои настапија оваа година на ФИОФА.

  • Преговаравме со некои студенти од ФДУ да глумат во некои наши филмови. Ланската година повеќе се дружевме со студенти од Приштина, а оваа година и со студенти од другите академии. Се надевам дека ќе произлезе соработка - изјави студентот Александар Арсовски од Филмската академија.

Освен наградениот филм, на годинашната ФИОФА учествуваа и други филмови од Штип кои, исто така, поминаа добро пред публиката во Охрид.

  • Континуирано работиме заедно сите колеги. Ние сме четворица режисери, сите имаме свои проекти и ги работиме заеднички со техничарите, монтажерите и тонците. На ФИОФА настапивме со филмовите на Елена Илиевска – „Покајание“, Халид Хоџич – „Латифа“ и Димитар Јанковски – „Катадонија“ - изјави студентот Димитар Јанковски.

Генерално, сите филмови од Штип поминаа одлично кај публиката и им овозможија на студентите да воспостават контакти со своите колеги од различни земји. Годинава на ФИОФА имаше филмови од Казахстан, Бугарија, Црна Гора, Косово, Чешка и други земји.

Последен пат изменето на Петок, 17 Март 2017 16:17
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…