Студентки од Италија преку студентска размена на УГД

Студентки од Италија од Универзитетот „Ферара“ престојуваат на шестмесечен студиски престој на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. Студентките Јасмин Ахмед и Доменика Дел Бај имаа официјална средба со ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и со деканот на ФМН проф. д-р Рубин Гулабоски, при што ги споделија позитивните искуства од нивниот престој на УГД.

Во наредниот семестар и во летниот период има најави за Еразмус посети на поголем број студенти од Италија на УГД. Еразмус програмата е одлична можност за стекнување на нови искуства и креирање на мрежи за идна соработка меѓу студентите и професорите од Европа и Универзитетот „Гоце Делчев“ посветува значително внимание на овие програми што им помагаат на студентите во креирање на нивните кариери.

Студентките Јасмин Ахмед и Доменика Дел Бај во Штип се од 28 јануари оваа година и веќе се вклучени во наставата и практичните вежби, активно учествуваа и на две работилници по пластична хирургија организирани од ФМН, каде што предавачи и обучувачи беа доктори-професори од САД. Јасмин и Доменика се премногу задоволни од колегите, професорите и гостопримството на студентите во Штип и искажуваат нескриено задоволство од можноста што им се дава да работат вежби со пациенти на клиничките вежби

Последен пат изменето на Среда, 22 Март 2017 08:44
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…