ФТБЛ во посета на меѓународните саеми за туризам и хотелиерство во Солун, Грција

Студентите од насоката Туризам на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија и оваа година имаа можност да го посетат 33. Меѓународен саем за туризам „Philoxenia“ и Меѓународниот саем за хотелиерство „Hotelia“ во периодот од 10 до 12 ноември во Солун, Република Грција.

Настанот започна со воведниот говор од страна на министерката за туризам на Република Грција, Елена Кундура, при што нагласи: „Важно е да се пренесе пораката дека туризмот е силна движечка сила за развој, кој притоа ги поддржува националната економија и вработувањето. Директно и индиректно претставува 20% од бруто-домашниот производ и речиси еден милион работни места. Ги поврзува и поддржува сите други продуктивни активности како примарно производство, трговија, извод, промоција на локални производи“.

Целта на Саемот за туризам беше истакнувањето на најновите случувања во меѓународната туристичка индустрија и збогатување на грчкиот туристички пазар. На саемот беа организирани и неколку паралелни настани какo: B2B работилници и Конференција за брендирање на туристички дестинации.

Меѓународниот саем за хотелиерство во оваа 2017 година беше насочен кон прикажување на современ и бизнис ориентиран производ. Главни сектори на кои саемот се насочи оваа година сe: дизајн и реновирање, приготвување и послужување храна, технологија и хигиена. Во склоп на организацијата, исто така, беа организирани и неколку настани, како настан за уметноста во пиење на кафе, настан за барменство и др.

Покрај саемот, студентите имаа можност да ја посетат и најстарата и најпозната термална бања во Грција, бањата Лутраки, чијашто температура на водата достигнува околу 37-38 Целзиусови степени и водопадите во Воден со височина од 70 метри.

Последен пат изменето на Петок, 17 Ноември 2017 15:34
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…