„Ние студентите како еден фрагмент од таа симбиоза ќе ја градиме платформата на знаења, умеења и вештини кои ќе бидат олицетворение на една долга и успешна соработка. За релативно краток период остваривме средби, одржавме неколку практични и теоретски вежби со 5-6 специјалисти од различни области како: хирургија, педијатрија, токсикологија и слично. Факт што радува е дека ова беше само вовед на нова приказна која ние студентите ќе ја пишуваме заедно со тимови на реномирани лекари од САД. Горди сме што нашиот Универзитет и неговото раководство ни го отвораат патот и ни ја даваат оваа можност. Би сакале да ја истакнеме нашата огромна благодарност до д-р Тим, кој е токсиколог, воедно и претставник и координатор на оваа структура, но и промотор на целиот овој процес заедно со деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски. Благодарност и до сите доктори што соработуваа со нас во овој краток период и ја претставуваа областа на хирургијата, педијатријата, конкретно пластичната хирургија и слично“, велат студентите од Факултетот за медицински науки при УГД.
Минатата година се одржаа неколку поголеми и помасовни предавања, како и неколку практични вежби, исто така, со лекари од областа на хирургијата и неврологијата. Лекарите до САД веќе две години по ред одржуваат предавања и соработуваа со студентите и професорите од Штип. Знаењата што тие им ги пренесоа на студентите веќе се применуваат во секојдневието. Во иднина студентите најавуваат нови средби, повеќе практични вежби и помасовни предавања.