Кина доделува пет стипендии за македонските студенти

Министерството за образование и наука ги известува сите заинтересирани студенти кои сакаат да го продолжат своето образование во НР Кина дека Кинескиот совет за стипендии за академската 2016/2017 година нуди целосни стипендии за студирање во НР Кина во времетраење од една година, за вкупно пет (5) студенти од Република Македонија, од кои двајца од минатата година ќе можат да ги продолжат нивните студии во НР Кина.

Реалниот број на стипендисти од Република Македонија се три нови студенти.

Заинтересираните студенти можат да се пријават за постдипломски студии, bachelor студии и visitingscholar.

Од Кинескиот совет за стипендии информираат дека одговорна институција со којашто треба да се комуницира во врска со добивањето на горенаведените стипендии е Амбасадата на НР Кина во Скопје.

Трошоците за меѓународната авионска карта не се покриени, односно тие се на товар на студентот. Крајниот рок за доставување на апликациите е 30 април 2016 година.

Детални информации за стипендиите можат да се најдат на интернет страницата www.csc.edu.cn/laihua.

Извор: www.mon.gov.mk.

Последен пат изменето на Вторник, 02 Февруари 2016 16:01
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…