Тренинг за млади активисти од Македонија

„OnAct” е интернационален тренинг кој има за цел да собере 30 млади лидери и активисти од младински организации од 8 држави и тоа: Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Хрватска, Италија и Албанија.

Тренингот има за цел да ги развие капацитетите на невладините организации и нивните претставници младите лидери преку обучување за користење на социјалните мрежи и електронските медиуми како алатки за активизам, промоција на човечките права и слободи и видливоста.

Освен активисти и претставници од невладини организации, за учество во тренингот можат да се пријават и претставници од малцинските групи од овие осум држави, меѓу кои е и Македонија. Кандидатите треба да бидат на возраст од 18 до 30 години.

Тренингот ќе се одржи во периодот од 4 до 10 април во Будва, Црна Гора, а трошоците за сместување, храна и пат се покриени од страна на организаторот.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат преку пополнување на овој формулар најдоцна до 5 март.

Извор: www.mladiinfo.eu.

Последен пат изменето на Четврток, 25 Февруари 2016 10:17
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…