Студенти од УГД: Напишете есеј и добијте награда

AskPetersen.com објавува конкурс за најдобар есеј. Овој конкурс е отворен за студенти од цел свет, со една и единствена цел: да им се помогне на студентите да ги решат проблемите со кои се среќаваат при академското пишување и да почнат да пишуваат подобри есеи.

Темите на кои заинтересираните кандидати треба да напишат есеј се следните:

  • Дали видео игрите треба да се сметаат за спорт
  • Каква улога ќе играат роботите во нашата иднина
  • Дали онлајн учењето е подеднакво добро како учењето лице-во-лице
  • Каде се гледате за 10 години
  • На кој писател би му доделиле награда
  • Дали општеството ги поддржува уметниците и другите креативни работници
  • Дали сме премногу зависни од компјутерите

Конкурсот е отворен за секој кој смета дека може да напише добар есеј на една од горенаведените теми. Старосно ограничување на кандидатите не постои.

Најдобрите три есеи ќе бидат наградени и тоа по следниот принцип:

  • Прва награда: 200 американски долари
  • Втора награда: 100 американски долари
  • Трета награда: Амазон Gift card во висина од 50 американски долари.

Пријавувањето се врши преку испраќање на есејот на официјалната веб страница на организаторот. Насловот треба да биде „AskPetersen Scholarship: Your topic (вашето име и темата). Доставувањето на есеите треба да се изврши најдоцна до 1 јуни 2016, а наградените ќе бидат известени преку електронска пошта на 7 јуни 2016. 

Последен пат изменето на Петок, 11 Март 2016 14:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…