„Со велосипед на факултет“ подготвен за реализација

По повод одржувањето на велосипедската трка во организација на УГД денес се одржа прес конференција. На прес конференцијата јавноста беше запозната со сите активности кои се предвидени во рамките на оваа манифестација која е насловена „Со велосипед на факултет“.

Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ ќе се организира на 27 март 2016 година (недела), како дел од активностите што УГД ги предвидува во рамките на одбележувањето на патрониот празник.

Рекреативната трка ќе започне во 11 часот, а лиценцираните натпреварувачи ќе ја започнат својата трка во 12 часот. За најдобрите учесници во трките се предвидени награди.

Сите заинтереисрани можат да се пријават на следниот линк http://www.ugd-velosiped.mk/index.html .

Во продолжение погледнете ја целосната прес конференција по повод овој настан.

 

Последен пат изменето на Петок, 11 Март 2016 15:46
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…