Преку презентирањето се овозможува запознавање на младите матуранти со можностите и условите на студирање на УГД, како и со правилно користење на нивната диплома по завршување на образованието.
Факултетот беше промовиран во средните училишта во Свети Николе, Куманово, Прилеп и дел од средните училишта во Штип.
Следниот чекор и план на Земјоделскиот факултет во координација и со другите факултетски единици на Кампус 2 е да организира Отворени денови, кога ќе биде домаќин на средношколците од Штип во кампусот и кога секој млад иден академски граѓанин ќе може да ги види условите на студирање што ги нуди УГД.
Отворени денови се планираат и во наставните центри во Кавадарци, Струмица и во Прилеп.