„Денови на вмрежување“ – настан на Економски факултет

Инфо клуб - Штип во соработка со Агенција за вработување организира настан „Денови на вмрежување“.

Настанот ќе се одржи на 12 април (вторник) во просториите на Економски факултет, предавална бр. 6, со почеток во 11 часот.

Програмата се состои од презентација на мерките за самовработување и пракса кај познат работодавач. На настанот ќе присуствуваат претставници од Агенција за вработување на Република Македонија, локални работодавачи и корисници на мерките за самовработување и пракса.

Целта на настанот, помеѓу другото, е студентите да се запознаат со активните мерки за самовработување, пракca во компании; да се запознаат со можностите што ги нудат компаниите, начинот на работа и условите за извршување на практикантска работа или вработување.

Освен тоа, преку оваа иницијатива ќе се претстави план за воспоставување на контакти помеѓу студенти и компании, а ќе се поттикне и споделувањето на искуства од страна на работодавачи и корисници на мерката за самовработување.

Настанот ќе содржи и презентација на успешни приказни од страна на корисници на мерката, а ќе бидат споделени и искуства од страна на практиканти.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти да присуствуваат на овој настан.

Последен пат изменето на Понеделник, 11 Април 2016 13:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…