Мојот говор се однесува на транзицијата што го зафати македонскиот народ и се однесува на стечајците. За оваа тема се одлучив затоа што имам свој личен елемент, говорот е поврзан со моето семејство. Моите родители се стечајци. Јас во говорот зборувам за тоа колку е сѐ испревртено во нашето општество и како даваме акцент на партиските активисти, а воопшто не ги забележуваме квалитетите на оние коишто вредатвели Елена Трајковска
Покрај категоријата „слободни говори“, победници имаше и во категоријата „про и контра“. Овде првото место му припадна на Никола Велков, кој го одржа говорот на британскиот водач Калгак пред битката против Римјаните. Во категоријата „историски говори“ победник беше Ивана Атанасова која го одржа говорот на куртизаната Вероника Франко пред Светиот суд во Венеција.
Оваа година Ораторската вечер беше отворена за сите студенти од сите факултети. Учествуваа 14 кандидати. Студентите работеа доста напорно и направија одлични говори. Сите се подеднакво добри и сите добија сертификати за успешно учество во оваа Ораторска вечер. Оваа година се одлучивме дека треба да ги отвориме ораторските за сите студенти, затоа што сметаме дека студентите треба да бидат гласни не само од правните факултети, туку од сите факултети. Од студентите потекнува целото движење во општеството и сметаме дека најдобрите промени кои можат да настанат се токму од студентитевели Елена Максимова, асистент-докторанд на Правниот факултет при УГД и дел од организацијата на оваа Ораторска вечер
Ораторската вечер е во организација на Правниот факултет и Ораторскиот клуб „Ростра Ветера“. Годинава се одржуваше по шести пат, а секоја година интересот е сѐ поголем.