20 студенти од УГД наскоро заминуваат да го претставуваат Универзитетот и Македонија на спортска Универзијада во Антверпен, Белгија. Студентите од УГД таму ќе се натпреваруваат во две категории, во мал фудбал и во одбојка. Се решиле за овие екипи затоа што сметаат дека со овие екипи ќе успеат да постигнат значајни резултати.

 

Проценивме дека тие две екипи не само што е од интерес на Универзитетот да учествуваат, туку дека можат да направат и добар резултат имајќи ги предвид резултатите од Универзијадата во Истанбул. Би сакал да им се заблагодарам на студентите и ова кое го правиме е сериозна промоција и поддршка на студентите, а особено на оние студенти кои се занимаваат со спорт. Овие игри се исклучително значајни за студентите и за Универзитетот, затоа што овие игри на некој начин се на слично ниво со Олимписките игри. На нив ќе настапуваат повеќе од 50 универзитети од преку 30 држави во Европа. истакна проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев

Универзитетските екипи интензивно се подготвуваат за овој настап, затоа што ова е од големо значење за нас. Значи станува збор за универзитетски игри кои се поддржани од Универзитетот во Антверпен и од нивната универзитетска асоцијација. Уште позначајно е дека овие игри се поддржани од Меѓународниот олимписки комитет. Иницијатор на сите овие игри е Пентатлон асоцијација на универзитети којашто ги обединува универзитетите во Европа и сите тие под нивна иницијатива започнуваат спортски игри во шест дисциплини. Покрај редовните награди, секоја од екипите ќе го добие и трофејот Енрико Пранди, кој го добиваат за етика и фер игра на спортско ниво. Сите овие игри се замислени така. Како начин да се стимулира меѓусебната комуникација и фер играњетоистакна раководителката на Спортскиот центар на УГД, доц. д-р Билјана Попеска

УГД ќе настапи со машката екипа во мал фудбал и женската екипа во одбојка. Според зборовите на спортистите, тие се подготвени и нивните очекувања од овој настан се големи. Се надеваат дека ќе успеат дома да се вратат и со медал.

За нас претставува огромна можност да ги потврдиме нашите квалитети кои и претходно ги покажавме на настапите во Истанбул. Јас како играч можам да кажам дека максимално ќе бидеме посветени на секој натпревар и дека ќе го претставиме Универзитетот во најдобро светлорече студентот Иле Синев, кој ќе се натпреварува во мал фудбал

Најпрвин да изразам благодарност до нашиот Универзитет што ни овозможува да учествувавме на вакви натпреварувања. Не е првпат да одиме на некоја универзијада и сме задоволни од условите што ни се нудат. Очекувањата ни се големи. Тренираме заедно секојдневно и мислам дека како екипа, за разлика од претходно, годинава сме поподготвени. Имаме некои измени, имаме нови студенти и тие се спортисти и се надеваме на поголеми успесирече студентката која ќе се натпреварува во одбојка, Кристина Георгиева

Натпреварите ќе започнат следната седмица, а целиот престој и учеството на студентите се поддржани од страна на Универзитетот и Универзитетскиот спортски центар. Професорите по спорт се надеваат дека ова ќе биде можност и за склучување на меѓусебна соработка со многу универзитети од Европа.

Последен пат изменето на Среда, 20 Април 2016 10:35
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…