Катерина Велкоска: За пет години се гледам во сопствено ателје

„На луѓето со стил не им треба идол туку само инспирација. Ниту јас немам свој моден идол. Желбата за мода е од кога знам за себеси. Oд мала бев опседната да бидам секогаш најубаво облечена и да одам на шопинг. Студирам дизајн на текстил. За пет години се гледам како работам во сопствено ателје. Таму ќе можам да ги развивам креативните идеи и да им помогнам на луѓето да си ги исполнат желбите или, пак, да си го дефинираат сопствениот стил. Би рекла дека девојките во Македонија имаат стил. Можеби не сите, но има доволно храбри да се спротивстават на секојдневието”.

Катерина Велкоска е студентка на Технолошко-технички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Последен пат изменето на Петок, 22 Април 2016 12:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…