- Ние сме многу почестени што оваа седмица имаме посета од професори од Медицинскиот факултет во Стара Загора и се надеваме дека од оваа средба ќе произлезе соработка во насока на размена на студенти и наставнички кадар. Сега одиме на презентација кај студентите и се надевам дека ќе има интерес од нивна страна за можностите кои ги нуди овој универзитет за нив - истакна проф. д-р Татјана Рушковска.
Професорките од Бугарија истакнаа дека тие имаат програми на кои би можеле студентите од УГД да студираат како дел од нивното образование или како дел од Еразмус програмите.
- Нашата презентација денес е поврзана со претставување на Универзитетот и програмите кои ги имаме кај нас. Ако некој пројави интерес може да се пријави на програмата Еразмус. За првпат имаме соработка со штипскиот универзитет. Генерално има можност студентите да дојдат на нашиот универзитет, а веќе наши студенти имаат интерес за да дојдат на Еразмус на овој универзитет - изјави проф. д-р Кате Качукова од Тракискиот универзитет во Стара Загора.
Студентите од УГД имаат различни можности на Факултетот за медицински науки во Бугарија.
- Конкретно на нашиот факултет овде се програмите за медицински лаборант, рехабилитатор и геријатриски грижи, а тоа го нема на вашиот факултет. Во принцип немаме ограничување на бројката, но тоа зависи од интересот што ќе го имаме кај македонските студенти - истакна проф. д-р Павлина Денева од Тракискиот универзитет.
Тие имаа презентација пред студентите од Факултетот за медицински науки, а во деновите што следуваат ќе се обидат да регрутираат неколку студенти кои би можеле да поминат дел од своето студирање во Бугарија.
Презентацијата за Тракискиот универзитет видете ја на следниов линк.