Еминентни новинарски имиња ги споделуваат своите искуства за истражувачкото новинарство, за тоа со какви предизвици се соочуваат истражувачките новинари во Македонија. Предавачи на студентите по новинарство им се новинарот Зоран Димитровски кој зборуваше за вештините и заблудите на истражувачкото новинарство и за алатките за истражувачко новинарство. За правниот аспект на слободата на изразување говореше адвокатот Лазар Сандев. За изворите, пречките и методите во истражувачкото новинарство предавање одржа новинарката Сања Васиќ. Практичните аспекти и компаративните анализи на младите новинари им ги пренесуваше новинарката Билјана Секуловска. За меѓународната и домашната судска пракса во слободата на изразувањето им предаваше академскиот тренер Светлана Ќосева.
Според зборовите на студентите, ова е одлична можност за нив да се стекнат со знаења кои доаѓаат од големи професионалци и практичари. Овој проект е финансиран од Европската унија.