Студентите од УГД се натпреваруваа во категоријата Студија на случај, каде што го освоија првото место. Во Студија на случај тие анализирале организирање на туристички настан – конференција со работилница. Покрај тоа што студентите го испланирале овој настан теоретски, тие ќе го реализираат и практично. Во периодот што следува овој настан студентите од ФТБЛ ќе го организираат во Скопје, а гости ќе бидат студенти од цела Европа.
Покрај натпреварот во Студија на случај, сите студенти имаа можност да се натпреваруваат и во спортски активности, а беа дел и од забавните програми. Повеќе за случувањата и за овој голем успех на студентите слушнете во разговорот со еден од студентите кои учествуваа на овогодишната „Туризмијада“.