Илија Брндевски: Мојот сон беше едноставен

Мојот сон беше едноставен. Како мал сонував да бидам моден дизајнер. Толку. Ништо друго не ме правеше посреќен, ниту ми овозможуваше повеќе среќа од дизајнерството. Памтејќи ги зборовите на Шанел дека „за да бидеш незаменлив, треба само да си различен", гледајќи ги најпознатите во таа област, како Армани, Версаче, Карден, посакував и јас да бидам еден ден како нив. И знам дека ќе бидам. Заради тоа пораснав, заради тоа се запишав на факултет. Бидејќи еден ден моите креации ќе ги има на модните писти, бидејќи моето име ќе биде на телевизија, бидејќи ќе ги облекувам познатите светски ѕвезди. Јас сум подготвен да го остварам мојот сон. И знам дека ќе успеам.

Илија Брндевски е студент на Технолошко-технички факултет на отсекот Текстил, дизајн и менаџмент.

Последен пат изменето на Четврток, 12 Мај 2016 10:20
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…