На ЕУ појадокот студентите имаа можност да се запознаат со студенти од ФОН Универзитетот, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа, како и со студентите од Меѓународниот балкански универзитет, кои исто така учествуваа во дебатниот циклус.
Домаќин на настанот беше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, кој заедно со шефот на Делегацијата на Европската унија, Аиво Орав, им ги додели сертификатите на сите студенти кои учествуваа во дебатите. Присутни на ЕУ појадокот беа и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и поранешните вицепремиери за европски прашања. Свое излагање имаше и координаторот на проектот „ЕУ ѕвезди“, Флорида Реџепи, која најави продолжување на дебатниот циклус преку меѓусебно соочување на ставови на студентите од различни универзитети.