Приказ на предметите според таг: studenti
Што можат да добијат младите од Инфо-клубот на УГД?
Инфо-клубот кој функционира во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Кампус 2 е формиран со цел да им помогне на студентите во развој на нивната кариера, вработување и пракса. Деновиве Инфо-клубот преку една акција бара од студентите да го споделат искуството со сите останати и да кажат на што ги асоцира Инфо-клубот во Штип. Информација, пракса, кариера или вработување се работите кои студентите ги поврзува со Инфо-клубот во Штип.
(Видео) Кинескиот универзитет Вухан доделува стипендии за студентите на УГД
Заменик-деканот на Универзитетот за технологија Вухан во Кина деновиве е во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Јуан Гуохуа е во потрага по студенти кои би можеле да добијат целосни стипендии за студирање на нивниот Универзитет во Кина, кој е еден од најдобрите универзитети во оваа држава.
Студентите од УГД на симулација на Обединети нации
На симулација на конференција на Обединетите нации учество зедоа и студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“. Од Штип имаше еден тим на кој му беше доделено на симулацијата да ја претставува Народна Република Кина.
Во тимот имаше тројца студенти од Универзитетот „Гоце Делчев: Трајче Арсов, студент на Правниот факултет на насоката Применета политика и дипломатија, Бисера Срцева од Факултетот за образовни науки на насоката Историја со археологија и Билјана Горгиева од Филолошкиот факултет - насока Германски јазик и книжевност.
(Видео) УГД организира Кошаркарски камп за млади
Кошаркарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ за првпат организира Kошаркарски камп за млади со врвни кошаркарски имиња. Кошаркарскиот камп ќе се одржува од 23 до 26 јуни во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Младите луѓе ќе ги учат вештините на кошарката кај едни од најдобрите кошаркари, репрезентативците на Македонија: Бојан Трајковски, Дарко Соколов и Александар Костовски. Заедно со нив и тренерите Тане Спасев – тренер на Асеко Проков од Гдиња, Полска, и Владимир Мирковски од КК Бест.
Студентите на Машински факултет во посета на саеми во Србија
Најдобрите студенти од втора, трета и четврта година на Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ (Виница, Штип и Струмица) имаа можност да посетат дел од најголемите саеми за техника и машинство на Балканот.