(ВИДЕО) Првиот 3Д печатен мост во светот

Посетителите на еден мадридски парк од неодамна можат да го видат првиот пешачки 3Д печатен мост во светот.

Оваа чудесна структура е дело на Институтот за напредна архитектура на Каталонија, во соработка со тим од архитекти, инженери и претставници на градските власти.

Мостот е со должина од 12 метри и ширина од 1,75 метри и премостува мала река во парк во гратчето Алкобендас, во непосредна близина на Мадрид. Мостот е направен од вкупно 8 дела.

Креаторите гордо истакнуваат дека ова е првпат 3Д печатач да се користи за изградба на мост, а како изгледа тоа, погледнете во видеото.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…