Овој труд, кој беше објавен во списанието „Nature“ на 21 јануари, го поминал тестот со повеќе од 20 дерматолози. Алгоритмот со успешност на човечко ниво ги препознава лезиите кои ги претставуваат најчестите и најсмртоносни форми на рак.
Кај ракот на кожата прв и основен чекор за дијагноза е визуелниот преглед. Дерматолозите генерално вршат идентификација дали некоја промена е канцерогена преку визуелниот преглед. Ако резултатот е сомнителен, следи биопсија.
Со воведување на овој алгоритам во компјутерите не само што би се намалиле трошоците за првиот преглед, туку би се спасиле и огромен број на животи, благодарение на раното откривање.
Како основа на алгортмот од Стенфорд му служи постоечкото решение на „Google“, кое е „тренирано“ да препознае 1,28 милиони слики од илјадници категории. Првично е направен да распознава само мачки и кучиња, но на Стенфорд го „научиле“ како да препознае малигно заболување и да го разликува од безопасните промени на кожата. Дополнителна предност во користењето на овој алгоритам претставува и фактот дека може да се врши фино подесување за чувствителност во голем број на додатни параметри.
За дијагнозата што ја изведуваат на Стенфорд е потребен компјутер, но истиот тим веќе планира да направи мобилна апликација која на корисниците ќе им овозможи да се дијагностицираат од дома и во секое време.