Проф. д-р Влатко Чингоски и неговиот колега од Јапонија од државниот Универзитет во Сапоро, проф. д-р Со Ногучи, на 15. Меѓународна работилница за оптимизација (15th International Workshop on Optimization and Inverse Problems in Electromagnetiism, OIPE-2018, www.oipe2018.at), која се одржа од 11 до 13 септември 2018 година во Hall in Tirol, во близина на Инсбрук, Австрија, презентираа дел од нивните заеднички истражувања прикажни во нивниот труд под наслов “Economical Optimization Method of REBCO Superconducting Magnets Using Game Theory”.
На работилницата, исто така, беа презентирани пoголем број научни и стручни трудови од различни автори од цел свет.