Градење капацитети за формирање на Меѓурегионален центар за трансфер на технологии и знаење

Тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип претставуван од м-р Васко Златковски, м-р Дијана Насева и м-р Љубица Наскова од 15 до 19 ноември беше во посета на Центарот за трансфер на технологии во Полска, на Политехничкиот универзитет во Гдањск.

При посетата на еден од најголемите и најдобро рангирани универзитети во Полска, тимот се запозна со целокупната структура и со развојот на документи за беспрекорно функционирање на еден ваков Центар за трансфер на знаење и технологии. Како што е веќе познато, Универзитетот „Гоце Делчев“ има усвоено иницијатива за воспоставување Центар за пренос на знаења и технологија. Истиот би се реализирал во тесна соработка со центрите за развој на Источниот и Вардарскиот плански регион, од што корист ќе имаат компании кои имаат потреба од развој на нови технологии, подобрување на ефикасноста од своето работење, воведување нови технологии, но и наставниците и студентите од нашиот универзитет.

Преку унапредувањето на културата на иновациите, конкурентноста на компаниите кои во соработка со академијата имплементираат иновативни производи, модели или услуги се очекува придвижување на целокупната економска моќ на земјата, како и постепено намалување на флуктуацијата на младите умови надвор од државата.

Раководителите на Одделението за обезбедување со квалитет, Одделението за заштита на интелектуална сопственост, Одделението за меѓународна соработка, Одделението за развој на проекти и секако Технолошкиот парк во Гдањск беа несебични во споделувањето на моделот на управување и функционирање на овој престижен универзитет и стремежот да се произведат кадри кои ќе бидат во служба на големите компании, а истражувачките активности да бидат насочени кон иновативни решенија кои можат да се патентираат и да ја зголемат визибилноста на универзитетот во и надвор од државата.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…