(Видео) Панел-дискусија за Центар за пренос на знаења и технологии

Во рамките на соработката на УГД со Политехничкиот универзитет во Гдањск (Полска), на УГД престојува Кржиштоф Малицки, советник на ректорот на Политехничкиот универзитет Гдањск за комерцијализација на интелектуална сопственост и раководител на ТТ паркот.

Со оглед на тоа дека и УГД е во почетна фаза на реализација на Центар за пренос на знаења и технологии, господинот Малицки пред претставници на УГД ги пренесе своите искуства и одговараше на прашања во рамките на панел-дискусијата насловена „Бенефициите од Еразмус програмата во правец на развој на нови капацитети на УГД“. Според Малицки, искуствата од Полска ќе бидат корисни за Универзитетот „Гоце Делчев“, како и за Р. Македонија.

- Целта е да пренесам искуства од Политехничкиот универзитет во Гдањск, а универзитетот треба да соработува со бизнисот, она што го дава универзитетот како иновации, технологија, да се имплементира во економијата, во малите и големите бизниси. Има можности искуствата од Полска да се применат овде, на УГД, и во таа насока нашата соработка ќе биде од големо значење – изјави Малицки.

- Универзитетот „Гоце Делчев“ следејќи ги развојот и намерите за осовременување и комерцијализација на сопствените потенцијали во поглед на истражувачките можности на универзитетот и на своите научни соработници, започна еден процес за изградба на Центар за трансфер на знаења и технологии кој има една единствена цел – да го подобри перформансот на македонската економија соработувајќи во доменот на имплементација на пронајдоците кои се публикуваат редовно во истражувачките активности на научниците. Во рамките на тој процес, пред две недели бевме во посета на Политехничкиот универзитет во Гдањск, Полска, каде што видовме на дело како функционира една современа институција, во поглед на комерцијализација на тие настани, нивната заштита, интелектуалната сопственост и, се разбира, можноста да се влијае врз однесувањето на студентите кои се во фокусот на целокупното внимание, бидејќи тие се оние кои ќе треба да го преземат целокупниот процес на развојот на општеството, се разбира во поглед на претприемништво и на комерцијализација на сите тие активности. УГД во соработка со центрите за развој на Источниот и на Вардарскиот плански регион веќе е влезен во процес за изработка на физибилити студија за изградба на еден таков капацитет во Штип и во Велес, и се надеваме дека гостувањето на господинот Малицки ќе придонесе значително да разјасниме дел од дилемите кои ги имаме пред себе, односно во определувањето на приоритетите кон што треба да се посветиме најпрво – дали кон изградба на физички капацитет, дали кон поттикнување на развојот на човечките капацитети или целокупниот процес треба да има некој процентуален сооднос за меѓусебен развој – изјави Васко Златковски од УГД.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…