На 1. државен натпревар од „FIRST LEGO“ лигата на РСМ, за деца од 9 до 16 години, учествуваа десет тима кои се натпреваруваа во четири рамноправни категории: роботска игра, роботски дизајн, проект и основни вредности. Тимовите кои учествуваа беа од училишта и академии од Штип, Скопје, Кочани, Берово, Виница и од Струмица, а натпреварите се одвиваа во атмосфера на детска смеа, навивање, демонстрирање на знаења и другарство, при што уживаа и децата и возрасните. На натпреварот присуствуваа и се обратија и ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, деканката на Факултетот за информатика проф. д-р Цвета Мартиновска Банде, како и претставници на „Завод супер главче“ од Словенија, кој е и одговорен за „FIRST LEGO“ лигата за овој регион.
Постигнати се следниве резултати:
Шампион
„SpaceWalkers“ од СТЕМ Академија - Скопје
2. место вкупно во сите категории, како и Награда за роботска игра
„ROBO Adventures“, ОУ „Св. Кирил и Методиј" - Кочани
Награда за проект
„RoboNK“, СОУ „Никола Карев" - Струмица
Награда за роботски дизајн
„TheMakBotPioneers“, СОУ „ЃошоВикентиев" - Кочани
Награда за основни вредности
„Transformers“, ОУ „Ванчо Прќе" - Штип
Првите две екипи во вкупниот пласман ќе ја претставуваат нашата држава на регионалниот натпревар во Целје (Словенија) на 16 март 2019 година.