Предавањето се одржа во просториите на Кампус 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како дел од караванот „DigiGirlz“ во организација на Мајкрософт Македонија.
„DigiGirlz“ ги запознава младите девојки со кодирање, програмирање, иновација во креирањето и стимулирањето на нови ИТ идеи со цел да се зголеми нивното учество во овие професии.
Од Мајкрософт Македонија велат: „Светот е на работ на промени секоја година. Движењето на технологиите и нивната динамика ги отвора портите на иднината. Овие млади девојчиња се тие кои треба да поминат низ нив и со оваа кампања сакаме да го свртиме клучот и да ги отклучиме“.
На настанот во Штип се обратија неколку еминентни личности од ИТ заедницата во Македонија: проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде, деканка и професорка на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“; свое обраќање имаа и деканката на Електротехничкиот факултет при УГД, проф. д-р Татјана Пачемска и Елисавета Нојковска, регионален маркетинг менаџер за модерно работно место за 24 држави; на агендата беа и Ирена Ивановска, раководителка на ИТ про-одделот во СЕМОС, Нина Николиќ, координаторка на Swiss EP, проект на Владата на Швајцарија за поддршка на претприемништвото во Македонија, Ивана Станковиќ, менаџерка за инвестиции на South Central Ventures, Моника Ризовска, менаџерка на Cosmic Development, Јана Клопчевска, доцент на Технолошко-металуршкиот факултет и Марија Мелкова, претставничка од Мајкрософт.
Елисавета Нојковска од Мајкрософт ЦИЕ вели дека „DigiGirlz“ се стреми кон рамнотежа во ИТ светот, со цел да докаже дека тој не е само за мажи. Ваквите низа настани, според неа, имаат мисија да им дадат совети на сите девојки затоа како нивните желби и кариери можат да бидат извор на нивната среќа. За неа најважен чекор е запишувањето на информатичко-технолошките факултети, затоа што девојките ја имаат моќта да го променат светот.
Успешни жени од ИТ индустријата