Имаш ли своја виртуелна архива?

Ако сѐ уште немате своја виртуелна архива, време е да ја направите со помош на сервисите кои ви овозможуваат складирање на сите важни документи, фотографии и видео содржини на едно место. Виртуелните архиви ви нудат доволно бесплатен простор за вашите најважни содржини, но што е уште поважно, преку овие сервиси имате пристап до својата виртуелна архива преку кој било уред и во секое време.

Направивме преглед на карактеристиките на најзначајните сервиси за архивирање, а вие прочитајте и одберете го тој што најмногу ви одговара. 

Гугл драјв (Google Drive)

Можеби најпознатиот сервис доаѓа од Гугл, се работи за Гугл драјв со повеќе од 240 милиони корисници во светот на месечно ниво. Со едноставна регистрација веднаш имате на располагање 15 ГБ бесплатен простор до кој можете да пристапите освен преку мобилниот телефон и преку веб. За вљубениците во фотографијата е важно дека со пренесувањето на фотографиите во оваа виртуелна архива не се намалува квалитетот на вашите фотографии.

Дропбокс (Dropbox)

Се појавува во 2007 година, а со повеќе од 300 милиони корисници еден е од водечките сервиси за онлајн складирање. Услугата можете да ја користите и преку веб и преку андроид оперативните системи на вашите мобилни телефони. По регистрацијата корисникот добива 2 ГБ бесплатен простор.

Уандрајв (OneDrive)

Овој сервис на Мајкрософт, исто така, ви овозможува архивирање на сите фотографии, документи и видео содржини. По регистрацијата се добива 15 ГБ бесплатен простор, со можност за проширување на просторот. Најголемата предност на Уандрајв е поврзаноста со Мајкрософт офис, така што при покренување на овие апликации стануваат достапни сите документи складирани во драјв.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…