Еве како апликацијата, всушност, работи: откако ќе се обои едниот лик од сликовницата треба да се активира апликацијата на Дизни за боење која е инсталирана на телефонот. Апликацијата тогаш користи фотоапарат кој открива кој лик е обоен и се покренува софтверот за претворање на дводимензионалниот лик во 3Д. Во прикажувањето на 3Д ликот се користени истите бои што вие сте ги користеле при боењето на сликовницата.
„Проширената реалност има единствен и ветувачки потенцијал да стане мост помеѓу реалниот свет и дигиталното искуство, овозможувајќи им на корисниците да ја вклучат својата фантазија и да ја зголемат креативноста“ – изјавил Роберт Самнер, главен истражувач во компанијата „Disney Research“.
Повратните информации од корисниците се позитивни. Во почетните тестирања најголемиот дел од нив се изјасниле дека апликацијата ја зголемила нивната мотивираност за боење, а дури 80% од корисниците изјавиле дека апликацијата им овозможила вистински да го доживеат и да се поврзат со ликот.
Апликацијата е достапна на „Google Play“ и „iTunes“.
Извор: Discovery