Ова не е непознато на пазарот, но „Литро“ одат чекор понатаму, освен што можете да се движите горе-долу, лево-десно, оваа камера овозможува движење и во длабочина на снимката, односно напред-назад.
Со снимката од оваа камера можете да се движите во просторот кој е снимен. Досега можеше да гледате видеа со виртуелна реалност, но само заглавени во една точка и да се движите околу една оска на сите страни. Постои видео кое доловува на кој начин снима оваа камера.
Нема информации за цената на оваа камера, но најверојатно ќе биде со шест цифри. Секако дека камера за која е потребен посебен сервер нема да чини многу евтино.