Македонија има поздрав од вселената

Астронаутот на НАСА Скот Кели кој моментално се наоѓа во Меѓународната вселенска станица вчера на својот Фејсбук профил постави фотографија на која се гледа Македонија од меѓународната станица.

Тој напиша: „Ден 251. Поздрав до моите пријатели во Македонија. Добра ноќ од Меѓународната вселенска станица“.

Скот Кели е американски астронаут, инжeнер и пензиониран капетан во американската морнарица. На вселенски мисии е од 2011 година, а неговата мисија во Меѓународната вселенска станица започна во март 2015 година и ќе трае до март следната година. Многу често овој астронаут поставува фотографии од многу држави кои ги фотографира од височина од 400 километри, колку што е оддалечена вселенската станица од Земјата. Македонија не изгледа воопшто лошо од вселената.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…