Овој материјал е креиран од страна на научниците со помош на ласер. Исто како графитот и дијамантот, и овој материјал е направен од атоми на јаглерод, а неговите уникатни карактеристики можат да бидат користени за правење вештачки човечки органи (екстремитети) или пак стакла за дигитални уреди.
Научниците велат дека производството на оваа цврста структура е едноставно и веројатно многу поевтино од дијамантот. Тие сето ова го претставија минатиот месец во списанието за применета физика.