А да пробаме со мега голема батерија во телефонот и да видиме како ќе помине? Токму тоа го направи кинескиот телефон К10000 од компанијата „Оукител“. Овој модел на телефон носи батерија од 10.000 милиампер часови и е дизајнирана да издржи меѓу 10 и 15 денови со регуларна употреба.
Со оглед на тоа дека на пазарот доминираат телефони кои мора да се полнат секојдневно, па дури и двапати дневно, овој телефон има добра стартна позиција за својата продажба.
Од кинеската компанија тврдат дека со нивната батерија најголемиот Ајфон може да се „полни“ трипати и пак да останат околу 10 проценти од батеријата. Интересно е што оваа батерија не тежи многу повеќе од стандардните. Целиот телефон има 192 грама за разлика од Iphone 6s Plus кој е тежок 184 грама. Телефонот е со сосема прифатлива цена, а работи на Андроид.