Оваа иновација неодамна беше презентирана на ЦЕС конференцијата во Лас Вегас. Тушот кој е наречен „Hydrao Smart Shower“ ќе ја менува бојата зависно од тоа колку вода сте потрошиле. Свети зелено кога сте потрошиле 10 литри вода, виолетово до 50 литри вода и над 50 литри свети црвено. Според производителите, црвената боја влијае на вас да престанете да се туширате и со тоа да престанете непотребно да ја трошите водата.
Моментално просечен Американец троши од 75 до 80 литри вода секогаш кога се тушира, а често и повеќе од просечно. Ова посебно е лошо ако се има предвид дека и за да се загрее водата трошиме енергија и тоа станува дополнителен проблем за рационалната употреба на енергијата. Овој туш е навистина интересен и забавен начин да ве спречи во намерата да бидете расипник.
Целиот систем работи со придружна апликација достапна за мобилните уреди која ви овозможува да ја следите потрошувачката на вода при секое туширање, но и да ги контролирате боите.
Компанијата веќе го тестирала овој туш на 100 луѓе и кај нив се забележало намалување на потрошувачката на вода за 25 проценти.
Извор: www.wired.co.uk