Откривме дека природниот биолошки час во човечкото тело може да биде прекинат од јака светлина, уште наречена и сина светлина, која се емитува од електронските уредивели Ан Мари Шанг, доктор по невронаука
За време на двонеделното истражување, дванаесет испитаници читале електронски книги на нивниот електронски уред пред да заспијат и тоа пет последователни дена. Овој експеримент беше повторен со печатени книги. Редоследот беше измешан со тоа што некои прво читаа електронски книги, па печатени, а другите обратно. Испитаниците кои читале на електронски уред имале тешкотии со заспивањето и поминале помалку време во РЕМ фаза. Електронските читачи го намалиле нивото на мелатонин, хормон кој вообичаено се покачува во вечерните часови и игра голема улога во заспивањето. Дополнително, електронските читачи предизвикале и нарушен биолошки ритам подолго од еден час.
Испитаниците кои читале електронски книги биле помалку поспани вечерта, но повеќе утредента по осум часа непрекинат сон.
Научниците по ова, но и претходни истражувања, заклучија дека сината светлина што зрачи во вечерните часови има огромен ефект во циклусот на спиење и може да предизвика сериозни проблеми со спиењето.
„Бидејќи сѐ повеќе луѓе користат електронски уреди за читање, комуникација и забава, особено децата и адолесцентите кои веќе имаат проблеми со заспивањето, потребни се темелни епидемиолошки истражувања на долготрајните последици врз здравјето“.
Извор: www.sciencedaily.com.