Каде најмногу, а каде најмалку се користи интернет

Агенцијата „We Are Social“ ги објави резултатите од истражувањето кое покажува кои земји во светот се лидери во поврзаност со интернет и користење на социјални мрежи.

Извештајот покажува дека на врвот на листата е Исланд како земја со најголем број граѓани корисници на интернет. Дури 98% од вкупното население на Исланд користи интернет што изразено во бројки изнесува 324.000 граѓани.

Понатаму следуваат Норвешка, Данска, Андора и Обединетите Арапски Емирати.

Најмалку корисници на интернет има во африканските земји, каде што процентот изнесува 5%. Сепак, рекордот го држи Северна Кореја каде што од вкупно 25 милиони жители само 7.200 или 0.003% користат интернет.

Извор: www.wearesocial.com.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…