Јапонската компанија во зародиш „Хошинчу“ креираше лебдечки бонсаи дрвца кои ја користат науката. Овие дрвца се направени со помош на магнети кои меѓусебно се одбиваат и така предизвикуваат ова прекрасно дрвце да стои во воздух и да изгледа така прекрасно како што изгледа. Производот го нарекле „воздушен бонсаи“, а преку интернет собираат пари за да можат да го пуштат во масовно производство. Целта им е да соберат 80.000 долари, а досега од оние што им се допаднала оваа идеја собрале преку 630.000 долари.