Оптичкиот диск на којшто се запишуваат податоците е изработен од кварцно стакло широко 2 сантиметри и дебело 2 милиметри, отпорно на вода, хемикалии и промени во временските услови. Термалната стабилност на материјалот изнесува над 570 Целзиусови степени, а на собна температура може да трае доживотно.
Податоците на дискот кои се со капацитет од 360 терабајти се впишуваат со многу брз ласер кој произведува екстремно кратки и интензивни светлосни пулсирања и се запишани во три слоеви од наноструктурирани точки, одвоени една од друга по пет микрометри.
Наноструктурите го менуваат начинот на којшто светлината патува низ стаклото, модифицирајќи ја нејзината полазирација, така што информациите на еден ваков диск можат да се прочитаат со уред којшто е комбинација од оптички микроскоп и поларизатор.
Со оглед на нивниот капацитет и траење, 5Д дисковите ќе бидат идеални за складирање материјали на организации со огромни архиви (музеи, библиотеки и сл.), а притоа ќе бидат и лесно преносливи.
Извор: www.physicsworld.com.