Сепак, Google Earth понекогаш може да понуди и необични фотографии што ќе ве збунат, но сосема за кратко, затоа што брзо ќе сфатите дека очигледно се работи за техничка грешка при обработка на фотографиите или пак за интересна илузија добиена благодарение на аголот на фотографирање, сенките и светлината.
Издвојуваме пет необични фотографии што може да ги сретнете на Google Earth.
1. Автомобилот што е паркиран од бочната страна на зградата, всушност, не е реален, се работи за графит на ѕидот на зградата.
2. Единственото логично објаснување за фотографијата со автомобил кој изгледа како да лета е дека се работи за случаен ефект создаден од светлината и сенките. Фотографијата е снимена во Австралија и мора да признаете дека изгледа необично.
3. Складиште за стари авиони во Аризона. Авионите се складираат среде пустина.
4. Остров – срце, едно од најромантичните места во светот. Островот се наоѓа во Хрватска.
5. Борбен авион на паркинг во Франција?