Веста за воведување нови емотикони на Фејсбук е една од најсподелуваните информации на социјалните мрежи, а новините воведени на најпопуларната социјална мрежа ги објасни и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг.
„Секој момент што сакате да го споделите не е среќен. Понекогаш сакате да споделите и нешто тажно или фрустрирачко. Нашата заедница веќе со години бара емотикон, но не за да им речат на луѓето дека не им се допаѓа нивниот пост. Луѓето сакаат да ги изразат своите чувства и да искажат поголем број емоции“,
напиша „таткото на Фејсбук“, признавајќи дека долго време размислувал за овие промени.
„Мојата екипа и јас долго време размислуваме за вистинскиот начин на кој ова треба да се направи. Една од моите цели беше да биде едноставно како притискање и држење лајк. Љубовта засега е најпопуларна реакција, а ми се чии дека така и би требало да биде“,
заклучи Цукерберг, претставувајќи ги емотиконите „љубов“, „ха-ха“, „уау“, „тага“ и „лутење“.