Предавачи од пракса дел од Факултетот за туризам и бизнис логистика

Во изминатиот период на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, во рамки на предметите Претприемништво и Сметководство, се одржа предавање на тема „Законска регулатива за извршување на сметководство и спроведување на ревизија во Република Македонија“  од страна на м-р Ивана Петрова и предавач Здравко Петров - основач и управител на Друштвото за ревизија и консалтинг „Трио консалтинг” ДОО Гевгелија. Предавањето е во организација на предметниот професор доц. д-р Марија Магдинчева-Шопова.

Студентите од насоките Бизнис администрација и Бизнис логистика во Гевгелија имаа можност да се запознаат подобро со условите за стекнување на лиценца за работа како овластен сметководител и ревизор.

Последен пат изменето на Среда, 23 Ноември 2016 11:32
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…