(Видео) Традицијата оживува

Традицијата оживеа во амбиентот на Музејот во Штип, преку мултимедијален настан кој ги прикажа социјалните аспекти на женските носии од етничкиот предел Долни Полог. Автор на ревијата „Традицијата оживува“ е студентот на Музичката академија при УГД Бојан Петковски, кој покрај презентацијата на народни носии што се носеле во овој регион, преку мултимедијален музичко-актерски израз го долови и начинот на живот во минатото, преку приказна за тоа која носија во која пригода се носела – за веселби, за тажачки...

Покрај организирањето на вакви ревии, Бојан Петковски е и колекционер на народни носии, а колекцијата во иднина ќе биде презентирана пред јавноста на сличен начин како ревијата што се одржа во Музејот во Штип.

Видео

Последен пат изменето на Четврток, 17 Ноември 2016 14:24
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…