Учесниците од Факултетот по педагогија на Универзитетот „Неофит Рилски“ ги предводеше деканот на факултетот доц. д-р Трајан Попкочев, а учествуваа и доц. д-р Красимира Марулевска и Даниела Томова, гл.ас. д-р Јулијана Ковачка, Блага Џорова и Невјана Докова и ас. д-р Стефан Кинов.
Тркалезната маса претставува форма низ која се обезбедува вмрежување на истражувачките тимови на сродни научни проекти со наслови „Квалификација и кариерен развој на учителите, директорите и останатите педагошки специјалисти“, Факултет по педагогија, Благоевград и „Професионален развој на наставниците во Р. Македонија – состојби и перспективи“.
Во рамките на оваа тркалезна маса беше остварена и официјална средба меѓу деканите на двата факултети, проф. д-р Соња Петровска и проф. д-р Трајан Попкочев, на која се разгледаа можностите за соработка и мобилност на наставно-научниот кадар и студентите во рамки на програмата „Еразмус +“ и студиските програми за одделенски наставници и воспитувачи.