Покрај предавањата за скијање и бординг, студентите посетуваа и кратки предавања за опасности и снаоѓање во планина, авантури во планина – натпревари и турнири во различни спортски активности.
Наставата е организирана од Универзитетскиот спортски центар во соработка со Одделот за спорт на Софискиот универзитет, со кого УГД има одлична соработка. На оваа обука присуствуваа повеќе од 150 студенти од УГД.