Преку ваквиот сервис студентите имаат можност за плаќање во готовина со провизија од 1,92% од износот кој е предмет на уплата, преку терминалите на „Плати брзо“. Уплатените средства во истиот момент се пренесуваат во електронскиот индекс на студентот и веднаш можат да се користат за која било активност преку електронски индекс.
Услугата е достапна 24/7/365 дена во годината, а плаќањата може да се реализираат на сите терминали на „Плати брзо“ во државата (мапа на терминали), како и на трите наменски поставени терминали во објектите на Универзитетот (Кампус 2, Факултет за образовни науки и Наставен центар во Скопје).
Ги охрабруваме и ги поддржуваме студентите да го користат овој вид на сервис, којшто им овозможува заштеда на време, избегнување на гужви во банките, ниска стапка на провизија која се наплаќа и достапност на сервисот.