Универзитетот „Гоце Делчев“ во својата образовна и научна мисија како една од суштинските цели ја има комплетната поддршка на студентите за нивен личен и професионален развој преку задоволување на двата основни услови:
- креирање на наставен тим кој своето искуство и врвна компетентност на најдобар начин ќе го сподели со студентите и
- креирање на просторни услови и логистички капацитети кои ќе ги задоволат и највисоките барања на образовната и научна теорија и практика.
Модерното образование бара следење на најновите технолошко-технички трендови во светот и нивно вклучување во наставните процеси како основен предуслов за квалитетно студирање.
Затоа што теориските знаења се подеднакво важни како и практичните знаења, УГД на своите студенти им обезбедува современи предавални и лаборатории каде што стекнатите знаења можат да најдат и соодветна апликативна примена.
Така, студентите на техничките и природните науки својата пракса ја реализираат во софистицирани лаборатории, а студентите од општествените и уметничките области своите вештини и знаења ги развиваат во одлично опремени аудио и визуелни студија, мултимедијални лаборатории, модел-судница и др.
Ве водиме на виртуелна прошетка низ наставните центри на УГД, погледнете ја галеријата со фотографии и кликнете на линкот за да ги видите просторните услови.
Современи услови за современо образование