Корејски ден со „International Youth Fellowship“ на УГД

На 26 мај (четврток) во свечената сала на Кампус 2 ќе се организира Корејски ден (Korean day).

Настанот се организира преку Глобалната младинска организација и интернационална невладина организација „International Youth Fellowship“.

Оваа организација работи преку поттикнување на лидерството и изнаоѓање на практични решенија на проблемите со глобализацијата.

International Youth Fellowship повеќе од 20 години организира настани на светско ниво, од кои најголем дел се едукативни настани пред сѐ наменети за младите луѓе и студентите ширум светот.

На настанот, помеѓу другото, ќе бидат презентирани традиционални корејски методи за пишување со четка, корејски традиционални облеки, корејски традиционални игри, како и уникатен корејски начин на создавање на фигури.

Настанот ќе започне во 11 часот и е отворен за студентите на УГД, како и за сите заинтересирани.

Последен пат изменето на Среда, 25 Мај 2016 13:53
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…