Професор од Романија одржа предавање пред студентите на Историја и археологија

„Појавата и развојот на неолитскиот живот во интракарпатскиот регион. Културна и хронолошка рамка“ е насловот на предавањето на професорот Михаи Глигор од Романија. Професорот Глигор одржа предавање пред студентите на Факултетот за образовни науки од студиската програма Историја и археологија.

Професорот од Романија доаѓа од Универзитетот „Алба Јулија“, со кого УГД има одлична соработка во рамките на програмата Еразмус плус. Голем број студенти од УГД имаат присуствувано на Еразмус во Романија.

Последен пат изменето на Среда, 25 Мај 2016 15:37
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…