Годишниот концерт, насловен „Корени“, годинава ќе се одржи во Уметничката галерија „Безистен“, на 26 мај со почеток во 19 часот.
Во четврток, 26 мај, Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ ќе го одржи Годишниот концерт. Годинава на завршниот концерт ќе се претстави Одделот за етнохармоника, предводен од проф. д-р Илчо Јованов, а на концертот ќе настапат студентите Марјан Бошковски, Мартин Бошковски, Благој Глушков, Виктор Ристовски, Трајче Јанев, Мартин Василев, придружувани од Никола Дафов на контрабас, Ристе Бунаров на гитара, Тони Наумов на пијано, Иван Манев и Гоце Чолески на ударни инструменти. На програмата ќе бидат дела од Илчо Јованов, Кочо Петровски, Милан Завков, Иван Терзиев и Благоја Дескоски.
Годишниот концерт, насловен „Корени“, годинава ќе се одржи во Уметничката галерија „Безистен“, на 26 мај со почеток во 19 часот.